Пролетно уредување и раззеленување на Oпштина Илинден

Во Општина Илинден во тек е редовното пролетно уредување на јавните површини. Во рамките на акцијата е опфатено зазеленување на Општината, косење на тревата, садење цвеќиња, уредување на дрворедите со нивно поткастрување, како и чистење на јавните површини на повеќе локации.

Како дел од оваа континуирана еколошка акција која што има за цел зачувување на животната средина, се работеше и на партерното уредување пред Домот на култура „Илинден“, каде што цветниот аранжман беше збогатен со засадување на повеќе разнобојни пролетни цвеќиња.

Акцијата за раззеленување и разубавување на Општината продолжува и во наредниот период.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега