СОРОС со илјадници евра го финансира семејството на петто осомничениот во „Пуч“

Повеќе од неколку години фондацијата СОРОС на Владимир Милчин го финансира семејството на петто осомничениот во случајот „Пуч“ кој претставува врска меѓу Зоран Верушевски и Зоран Заев, а кои заедно со шесто осомничениот вршеле непосредно снимање.

Речиси 200.000 евра легнале на сметката на сопругата на петто осомничениот, кој по наредба на Верушевски го вршел незаконското снимање. Само во последните години на сметката на сопругата на Ѓ.Л. од фондацијата Сорос легнале 130.000 евра. Месечните исплати кои завршувале на оваа сметка се меѓу 2.000 и 3.000 евра.

Иако сопругата на петто осомничениот се води како вработена во Фондацијата Сорос на Милчин, ваквата сума на месечна плата сепак е преголема за македонски услови и износ на кој може да му позавидат дури и директори на банки.

Големиот износ кој месечно го добивала сопругата на осомничениот во случајот „Пуч“, отвора сомнеж за каква функција и намена била исплаќани секој месец толку високи суми. Институциите на почетокот на истрагата информираа дека огромни финансиски средства се пронајдени на сметка кај петто осомничениот, книшки со штедни влогови, како и акции на неколку правни субјекти. Покрај високиот износ на суми кои се пронајдени, петто осомничениот во „Пуч“ поседува и три автомобили, како и стан од 100 метри квадратни во централното градско подрачје.

Дополнително, шесто осомничениот, кој сега е осуден, во своето признание како и во судската пресуда јасно кажува дека тој и петто осомничениот Ѓ.Л. работеле по наредба на Верушевски, кој пак соработката ја продолжувал со лидерот на СДСМ, Заев. Сега осудениот детално објаснил како го извршувале делото и како се одвивала целата постапка на нелегално снимање посочувајќи во своето признание дека за стореното дело по наредба на Верушевски, биле богато финансиски наградувани.

За што биле наменети високите парични средтсва кои на сопругата на Ѓ.Л. и легнувале на сметка не е познато, но она што јавноста одамна го знае е дека Фондацијата Сорос  е позната по финансирање на активностите кои ги спроведува опоцизијата.

 

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега