Дамјановски: Очекуваме институционално решавање на политичката криза во Македонија

Во денешниот општествено – политичкиот магазин на Радио Слободна Македонија „Концепт со Ина“, авторката и водител на емисијата д-р Иванка Додовска разговараше со Александар Дамјановски, претседател на Институтот РесПублика, од Скопје. Во емисијата стана збор за актуелните прашања кои се однесуваат на НВО активизмот во Република Македонија, како и за значењето и улогата на политиколошката професија.

Додовска ја истакна важноста од афирмирањето на политиколозите кои своето образование го стекнале на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

- Тоа е една од главните причини поради која и се одлучиле да го формираат Институтот во кој преку работењето на проекти и на интерактивни работилници имаат за цел да ги поддржат помладите колеги од политичките студии, како и да ја афирмираат во јавноста важноста на политиколошката професија, потенцираше Дамјановски.

За ПУЧ истакна дека  целата афера Пуч како и воопшто со целата парламентарна криза, очекуваме институционално решавање на истата, по што би имале многу појасен преглед за причините и последиците и тогаш многу поверодостојно би можеле да извлечеме заклучоци.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега