Позната пејачка со шокантно откритие: Поранешното момче ме тепаше, не можев да одам од болки

Хрватската пејачка Зорица Андријашевиќ која во јавноста е попозната само како Донна си ја отвори душата.

Таа вели дека нејзиниот живот воопшто не бил лесен. Оваа 44-годишна пејачка е обвинета за перење пари, но таа тврди дека била жртва на тогашното момче кое ја искористувал. 

- Поранешното момче ме тепаше и мојата фирма ја искористуваше за перење пари, бев негов заложник. Живеев како заложник кој се бори за живот. Имаше денови кога од болки не можев да одам бидејќи цела бев со модринки. Тогаш не бев во ситуација да управувам пет минути од својот живот, а не пак со компанијата и цифрите, плачејќи пред неколку месеци им раскажала на обвинителите Дона, по повод обвинението дека со поранешното момче Давор Бишка (52) од 2004 до 2005 година од својата фирма извлекла 627.000 куни или околу 82.000 евра.

zorica-andrijasevic500

Донна ја основала фирмата „Андоза“ во 2002 година, а во 2009 отишла во стечај. Меѓутоа, поради сомнение дека пред десетина година со Бишка, инаку во тоа време сопственик на загрепскиот „Хард Рок кафе“, направила злоупотреба, обвинителите против неа покренаа обвинение кое минатата недела станало правосилно. 

Поранешното момче на пејачката, сега  осомничен и за насилство, се брани со молчење. 

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега