Вечерва: Цела полиција на нозе - маж вози две деца во гепек

Целата белградска полиција вечерва се дигнала на нозе откако добила пријава дека непознат маж во гепекот на својот автомобил вози две деца. Пријавата пристигнала од една бензинска станица, а имајќи го предвид последниот случај со киднапирањето на малата Маша, полицијата случајот го сфатила сериозно.
Огромен број на полициски екипи се впуштиле во потера по мажот кој по еден час бил пронајден и запрен. На крајот се испоставило дека тој им е татко на децата и дека ги возел во гепекот бидејќи во автомобилот се превезувале уште 7 лица па немало место за нив.

 

Сепак, полицијата му поднела прекршочна пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот и му наложила децата да ги седне на седиште.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега