Нетпрес: Бубо Каров и К-15 од МРТВ заработиле 1.900.000 евра

Дали Бубо Каров протестира за повторно да земе милиони од МРТВ – запраша порталот Нетпрес, по јавните настапи на Каров пред зградата на Македонската Радио Телевизија.

Бубо протестира против телевизијата, пишува порталот, од која неговата продукција за период од две години, земала околу 2 милиони евра, народни пари.  Во договорот помеѓу МРТ и к-15, кој го објави Нетпрес, потпишан од двајцата партнери на Бубо, стои дека за една епизода на к-15 продукцијата заработувала три 3300, плус 5000 евра за права за емитување. Односно за една година Цацко и другарите заработиле околу 600,000 евра.  К-15 на МРТ се емитуваше 2 години, што би значело 1,2 милиони евра. Хумористите од К-15 додатно си наплатиле и 600,000 евра камата. Што значи, Бубо и останатите од К-15 од парите кои македонските граѓаниги плаќаат за Радиодифузна такса зеле околу 2 милиони евра. Продуцентите кои работат во ТВ бизнисот не паметат некој друг во овој бизнис да заработил толку пари за две години. Според нив, настапите на Каров пред МРТ значат само едно – потрага по нова финансиска полза!

 

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега