Јолески се сретна со претставници од Високите студии за безбедност и одбрана од Србија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, оствари средба со претставниците на делегацијата на Високите студии за безбедност и одбрана од Воената академија на Република Србија.

На средбата министерот Јолевски истакна дека соработката помеѓу Воените академии на Македонија и Србија е една од клучните приоритети врз кои се базира високото ниво на соработка од областа на одбраната помеѓу Република Македонија и Република Србија. Според Јолевски размената на студенти помеѓу Воените академии, нивното стручно оспособување и надградување се клучни за основање на сигурно лидерство како во одбраната така и во приватниот и цивилниот сектор. „Инвестицијата во квалитетот на лидерството е најголема инвестиција за една школа, институција, држава и општество.“ порача Министерот за одбрана пред претставниците на Високите студии.

jjoleskii22

Јолевски напомена дека покрај развојот на регионалната соработка, Република Македонија највисоко ги приоретизира процесот на интеграција во НАТО, учеството во меѓународни мисии и модернизацијата на АРМ. Министерот додаде дека покрај модернизација на Армијата клучен е и развојот на лидерството преку размената на искуства на начинот на кој истата се извршува помеѓу Воените академии на Република Македонија и Република Србија.

По средбата со Министерот за одбрана на Република Македонија преставниците на делегацијата на Високите студии за безбедност и одбрана присуствуваа на предавање во Воената академија на Република Македонија на тема „Глобализација, мултикултура и систем за безбедност.“

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега