Тело на 29 годишна девојка пронајдено во канал во Демир Капија

Вчера околу 10,20 часот на пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, вработен во Македонски железници кој управувал работна машина на 200 метри пред Железничката станица-Миравци, во каналот покрај патот забележал непознат леш. Увид на лице место извршила увидна екипа од  полицијата во Неготино, при што е констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата – скршеница од удар најверојатно од воз. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега