Младо момче од Косово падна во рацете на македонската полиција

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот И.К. од Косово поради жфалсификување исправаж и употреба на исправа со невистинита содржина.

Пред два дена околу 10 часот на полициската станица за граничниот премин „Долно Блаце“ при контрола од страна на полициски службеници откриено е дека пријавениот го фалсификувал идентификациониот број на моторно возило „Голф“ со косовски национални ознаки со кое се обидел да оствари влез во Република Македонија.

Од страна на судија од претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка условно две години казна затвор во рок од пет години да не изврши таков или друг вид на кривично дело, како и протерување со забранет влез од пет години во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега