Легализирани нови 50 дивоградби во општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петро Сокол Митровски денеска додели 50 нови решенија за легализација на дивоградбите во општината.

Од поднесените 13.000 барања за легализација, според Митровски, досега решени се над 4.000 предмети.

- За процесот на легализација да тече нормално, граѓаните мораат да достават комплетна документација до службите во општината и да го запазат рокот за доставување елеборат до 31 декември годинава, рече Митровски.

Тој упати апел до сите кои поседуваат тераси пренаменети во станбен простор дека крајниот рок за поднесување на потребната докуменација за нивна легализација е 30 јуни. 

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега