Целодневна забава утре во центарот на Скопје - еве ја програмата

Град Скопје и Детскиот културен центар- „Карпош", утре на просторот пред Порта Македонија ќе ја организираат целодневната манифестација „Априлијада 2015“.

Дневниот дел од традиционалната Манифестација по повод 1 април- Светскиот ден на шегата, се организира под мотото мотото „Скопје се смее" и е наменета за децата од сите училишта, градинки и воопшто за децата на Град Скопје. Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од Златно славејче.

Манифестацијата „Априлијада  2015“ ќе започне во 11 часот, а градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на учесниците на манифестацијата ќе им се обрати во 11:30 часот.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај Порта Македонија, а ќе учествуваат Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, ДЏ Бабура и групата „The Noise makers".

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега