Од грчките банки повлечени над сто милијарди евра

Повеќе сто милијарди евра биле повлечени од депозитите во грчките банки од почетокот на кризата до сега.

Ова го довел банкарскиот систем до хеморагичен шок, пишува грчкиот весник „Имерисија“. 

На почетокот на кризата банкарските депозитите на Грците изнесувале 235 милијарди евра, а потоа таа сума се намалила на 133 милијарди. 

Само во февруари оваа година од банките биле повлечени над седум милијарди евра, најмногу поради стравот, кој настапил пред спогодбата со кредиторите  на 20 февруари, а исто така и од стравувањата дали и воопшто таква спогодба ќе има.

 

Голем дел од влоговите биле изнесени во странство, друг дел граѓаните чуваат во своите домови,  додека значителен дел граѓаните го користеле за задоволување на итни потреби. 

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега