Делегација на Собранието на РМ на 88. Рос-Рот семинар во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 2 април учествува на 88. Рос-Рот семинар, кој се одржува во Белград, во организација на Парламентарното собрание на НАТО и Парламентот на Република Србија.

Собраниската делегација во ПС на НАТО ја предводи Емил Димитриев, а во нејзин состав е и Павле Трајанов.

Прес-службата на Собранието на Република Македонија соопшти дека на семинарот, кој се одржува во Парламентот на Република Србија, на тема: „Србија, Западен Балкан и евроатлантската заедница“ учествуваат делегации од 13 земји-членки на НАТО, девет од придружни членки на ПС на НАТО, регионални партнери, набљудувачи и невладини организации.

На отворањето на семинарот, на присутните им се обратија потпретседателот и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, потпретседателот на Парламентот на Република Србија, Игор Бечиќ, потпретседателот на ПС на НАТО, Паоло Али и други официјални лица.

На семинарот ќе се дискутира за Западниот Балкан и евроатлантската интеграција, за регионалната соработка, за прашањето на странските борци на Средниот Исток и во Северна Африка како заеднички предизвик, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и други теми, стои во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега