Вечерва бесен Албанец приземјил авион со 180 патници во Рим

Патник Албанец го принудил пилотот на линијата Женева – Приштина авионот итно да го слета во Рим. Ваква одлука пилотот на компанијата Изи Џет донел откако Албанецот физички ја нападнал стјуардесата.
Патникот бил незадоволен бидејќи стјуардесата доцна му го донела сендвичот. Тој физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето.
Останатите патници кои се превезувале во авионот станале за да го спречат Албанецот да ја тепа жената. Тие успеале да го оттргнат, но пилотот, согласно процедурите веднаш го спуштил авионот во Рим.
Компанијата испратила друго летало а стјуардесата била префрлена во болница. Од Иси Џет го потврдуваат случајот и велат дека жената имала повреди на лицето и и биле скршени очилата.
Насилниот патник бил приведен од локалната полиција во Рим и по сослушувањето пуштен на слобода. Сите 180 патници безбедно слетале во Приштина со друг авион, со неколку часа доцнење.
Информацијата ја потврди и аеродромот во Приштина.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега