Страшна сообраќајна незгода: Пешак го загуби животот на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле 19 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и 13 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, четири пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода во 20 часот и 5 минути на булеварот „Кочо Рацин“, во близина на Олимпискиот базен, во која учествувал мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски таблички и пешак, роден 1939 година, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата на повредите на лице место им подлегнал пешакот, а возачот на мотоцикл и сопатникот се здобиле со телесни повреди. 

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, девет возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 15 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод 1 Април – Денот на шегата, со почеток во 12 часот пред порта „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестација за најмладите – децата од градинките и од училиштата „Скопје се смее“, а во 21 часот, на истото место, манифестацијата ќе продолжи за повозрасните граѓани. Исто така, пред Собранието на Република Македонија во 12 часот ќе се одржи протестен марш во организација на учениците од средните училишта. Маршот ќе продолжи пред Владата, а ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука. За време на одржување на овие настани од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за соодветно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега