Обид за убиство: Вработен во тетовскиот Универзитет се бори за живот

Едно лице синоќа било згрижено во Ургентното одделение во гостиварската болница со рани нанесени од остар предмет, па пренесено на Скопските Клиники поради сериозноста на повредите. 

Се работи за гостиварецот Р.Ј. кој е вработен во Државниот универзитет Тетово. Немилиот настан се случил пред неговиот дом во населбата Питарница. 

Од СВР Тетово потврдуваат дека кај нив е пријавен случај на напад со тешки повреди, и оти во координација со јавен обвинител се уште работат на расветлување на поединостите поврзани со овој случај. 

Засега не се знае кој е мотивот за нападот ниту кој би можел да го направи тоа.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега