Падна позната скопска бизнисменка заедно со својот партнер

С.Р(27) од Скопје, управител и сопственик на Хардекс Трејд ДООЕЛ од Скопје и лицето А.А(42) заработија кривични пријави заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично „Измама“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Соизвршителство“. Првопријавената С.Р во својство на сопственик и управител на правното лице Друштвото за трговија и услуги ``Хардекс Трејд`` ДООЕЛ Скопје заедно со второпријавениот А.А, свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист во текот на 2011 година за даночниот период од 01.012011-31.03.2011 година, изготвиле и употребиле ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односн, во истата евидентирале измислени влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација за истиот.
Пријавените лица со поднесување на фалсификуваната ДДВ пријава ги измамиле, односно, ги довеле во заблуда службените лица на УЈП при што противзаконски и неосновано успеале да извршат поврат на ДДВ во износ од 50.000 евра за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.
Веднаш откако парите пристигнале на сметката на правното лице, второпријавениот А.А ги извадил сите средства во кеш и ги поделил со другите учесници во криминалот, кои понатаму ги користеле за свои лични потреби.
Двете пријавени лица се изведени пред надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега