ФОТО: Фановите на Загреб со нетрпение го чекаат доаѓањето на Кире Лазаров

Македонскиот ракометар Кире Лазаров никогаш нема да биде заборавен од навивачите и раководството на ракометниот клуб Загреб.

На официјалната фејсбук страница на клубот е напишано:

-Еден од играчите на Барселона, на чие враќање во Арената Загреб (иако во противнички дрес) најмногу му се радуваме е некогашниот „Загребаш“, еден, единствен и неповторлив Лазаров Кирил. Се гледаме Киро!!!.

Екипите на Загреб и Барселона играат меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, Натпреварот е закажан на 9. април, а реваншот е една недела подоцна

Кире Лазаров со Загреб има освоено седум шампионски титули и пет пати триумфирал во националниот Куп.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега