За Велигден извезени 140 илјади македонски јагниња

Од шест кланици во Република Македонија за велигденските празници досега на странските пазари се извезени повеќе од 140 илјади јагниња, информираше денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, кој беше во посета на прилепската кланица, во рамки на проектот „Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство“, пренесува МИА.

Поповски нагласи дека Агенцијата перманентно  ја следи и ја контролира  работата на кланиците во земјава особено, сега во периодот на извозот на јагнешко месо на странските пазари за велигденските празници.

- Во моментов се извезува од шест кланици во земјава. Бројката на извезено јагнешко месо до моментот е 140.000 грла или околу еден милион и 300.000 килограми јагнешко месо. Шпицот за празниците заврши. До крајот на годинава се очекува да се зголеми извозот и да биде на нивото на претходните години. Се извезува на традиционалните пазари Италија, Грција, Хрватска и Црна Гора. Се надеваме и дека појавата на „синиот јазик“ нема да биде удар за оваа гранка, изјави Поповски.

Според Поповски, операторите со храна се заинтересирани за забелешките и прашања од доменот на работењето, со акцент на измените во Законот за безбедна храна и мерките за импленетирање стандарди при извозот на храната.

-  Досега најмногу забелешките, пред се, од сточарите е за болеста син јазик и како би се постапило ако болеста се појави повторно. Операторите со храна (месната, млечната, пекарската индустрија, преработувачките капацитети, кондиторската индустрија) најмногу се интересираат за обележувањето на храната, особено околу измените на Законот за безбедност на храната кои ќе стапат во сила и ќе треба операторите кои ја пласираат храната на домашниот пазар да ги имплементирааат одредбите во однос на обележувањето на храната. Треба да се исполнат сите стандарди кои ги бараат земјите каде што извезуваме од европската унија или, како што се стратегиските пазари, а тоа се Република Кина, Руската федерација, САД, зашто ние сме држава која треба да ги освои тие пазари зашто имаме квалитетен и безбеден производ, вели Поповски.

Тој нагласи дека инспекцијата постојано ја контролира храната, а анализите од досегашните примероци покажуваат дека на пазарот нема небезбедна храна.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески информира дека прилепската кланица сега е во приватна сопственост на „Серта компани“ од Кавадарци, компанија која има вложено околу 3 милиони евра за обновување на старата кланица.

-  Ова е една од најголемите инвестиции во прилепско која обезбедува егзистенција за 60 фамилии, вели Ристески.

Сопственикот на прилепската кланица „Гудас мит“ која заедно со кланицата во кавадарци е дел од „Серта компани“, Ристо Михајлов потенцира дека кланицата ги има сите сертификати за извоз на јагнешко и за велигденските празници ќе испорача 20.000 јагниња. Цената за жива мера е 155 денари за килограм, а во последно време е забележителен порастот на сточниот фонд.

-  Извезуваме на италијанскиот, грчкиот, српскиот и црногорскиот пазар. Оваа година работиме со поголем интензитет. Има зголемување на сточниот фонд со добрите стимулации што ги дава државата. Се чувствува поголема понуда на јагниња на пазарот и ние тоа ќе го извевземе. Имаше некој застој пред велигденските празници, но заклучно со православниот Велигден сите количества и очекуваме да бидат извезени 20.000 јагниња на грчкиот српскиот и црногорскиот пазар и дел количества на италијанскиот пазар. Годишно од двете кланици во Кавадарци и Прилеп очекуваме да извезвеме околу 70.000 јагниња. Во двете кланици има линии за обработка на јагниња, свињи и за говеда. Откупната цена моментално на јагнињата жива мера се движи околу 155 денари за килограм, во шпицот пред празниците достигна и до 170 денари, а во малопродажбата цената на јагнешкото месо е околу 330 денари за килограм, вели Михајлов.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега