Чадиев: Кружниот тек на влезот во Велес изграден според сите прописи

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев на денешната прес - конференција ги отфрли сите обвинувања на опозицијата во Велес дека новиот кружен тек на влезот во Велес веднаш под Спомен костурницата  не е изграден според прописите.
 
Чадиев сето тоа го дементира приложувајќи пред медиумите 15 документи за неговата изградба и сите извршени ревизии од надлежните служби за неговата исправност.
 
- Според Извештајот од извршената ревизија, се констатира дека проектираното, цитирам “сообраќајно решение во целост е изработено според основите за планирање и проектирање во областа на сообраќајот, како и според потребите за уреден и безбеден сообраќаен режим“. Поткрепа на ова е и Ивештајот за извршена повторна ревизија на основниот проект изработен од страна на стручна комисија при истата надлежна институција, потенцира градоначалникот Чадиев. 
 
Како што појасни Чадиев, она што најмногу му дава право да верува во исправноста на овој проект, е и податокот кој денеска го добил од СВР Велес, во кој се наведува дека од изградбата на кружниот тек  па се до денес, не е регистриран ниту еден соообраќаен инцидент на кружниот тек. 
 
- До пред само 5 месеци сообраќајните незгодни на овој потег беа вообичаени, а опасноста од директен судир на возилата кои се движеа кон и надвор од градот, секојдневно демнеше над сите нас, рече Чадиев.
 
Според Чадиев   кружниот тек на влезот од Велес е еден од позначајните проекти на локалната власт, а со кои се создаваат подобри услови за живеење на граѓаните.
 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега