Унија на средношколци: Целта e постигната, Средношколскиот пленум има политичка цел да ги злупотреби средношколците

Средношколскиот Пленум нема ниту правна ниту институционална форма, односно не се регистрирани како организација. Тоа е спонтана група која има политичка цел да ги злоупотреби средношколците и да ги направи политички инфантилни и да ги деградира, сметаат од Унијата на средношколци на Македонија.

Токму затоа на тие што денес протестираа а и на нивните ментори им порачуваме: Тргнете те ги рацете од средношколците. Ние не сме политички вазали и престанете да ни ја навредувате интелигенцијата, истакна Ѕвонко Селев претставник на Унијата на средношколци на Македонија.

Унијата на средношколци на Македонија во името на средношколците постигна договор со Министерството за образование и наука а со тоа и целта на средношколците е постигната, која воедно е заеднички успех.

-Математиката ќе се полага алтернативно , нема да биде задолжителен за сите ученици , туку ќе ја полагаат само оние ученици кои одбрале да бодат математичари  А што се однесува до Наставничкиот Пленум  кој а е исто така организација без идентитет , некој а од десетиците пленуми кои се формираа со еднократна намена, а кои испрати обвинение дека наводно не сме биле легитимни. Им порачуваме: Не само што сме легитимни , не само што сме легална организација, нешто што наставничкиот пленум никогаш не бил , туку доколку промаршираме по улиците , тогаш сме сигурни дека Наставничкиот Пленум  од срам никогаш нема да се појави во јавност, заклучи Селев.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега