По нарачаното срамно видео на „Ал Џезира“, уште еден удар на Заев врз македонската држава

По нарачаното исламистичко фундаменталистичко видео емитувано на арапската Ал Џезира, а поткрепено со изјави од високи претставници на СДСМ и платеници на Соросовата Фондација, најголемата опозициска партија и лидерот Зоран Заев со уште еден удар против македонската држава.

По предлогот за техничка влада и прифаќањето на СДСМ Албанец да биде премиер, идеја лиферувана преку опозициското гласило „Фокус“, опозицијата и Зоран Заев денеска со уште еден удар против државата кој воедно е и доказ за пријателството на СДСМ со исламистите и можното сценарио за дестабилизација за кое пишуваа медиумите.

Денешната прес-конференција на Заев имаше загрозувачки карактер за општата безбедност. Опозицискиот лидер  денес изврши удар врз безбедносната соработка и безбедносните системи на две држави, на Република Македонија и на Израел. Заев оддава државна тајна за соработка меѓу Македонија и Израел и оцрнува една од најголемите безбедносни служби како што е израелската разузнавачка агенција МОСАД.

Неколку пати досега СДСМ покажа дека по сопствениот пад и неуспех, сакаат да го вовлечат и народот со нив. СДСМ сега повторно се води од девизата дека падот на партијата треба да биде и пад на Македонија, сакајќи на тој начин да го казнат народот што не им ја дава довербата која толку ја посакуваат.

Врвот на СДСМ и нивните жестоки поддржувачи се обидуваат да исценираат меѓуетнички тензии во Македонија, а  кулминацијата неодамна ја достигнаа со гостувањето на емисијата емитувана на Ал Џезира, телевизија која има антимакедонски позиции и го промовира радикалниот ислам. Скандалозната емисија која предизивикува гадење кај народот, отворено стимулира креирање на тензии и поделба меѓу народот во насока на конфликност поткрепено со изјавите на врвот на опозицијата, платениците на СОРОС и претседателот на ветерани на УЧК.

Покрај тоа што во емисијата, овие лица ја претставија Македонија како заостаната земја, а македонските војводи се претставени како лажни херои на коњи базиран на грчката и бугарската историја, тие отворени се залагаат и за дестабилизација и меѓуетнички тензии во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега