Грција заработи 147 милиони евра со простувањето на долговите

Презадолжената Грција успеа да заработи над 147 милиони евра преку програмата за простување на долговите, која беше донесена со цел да се приберат средства во речиси целосно празната државна каса. 

Според грчкото Министерство за финансии, во рамки на програмата над 150.000 физички и правни лица целосно или делумно ги исплатиле своите долгови кон државата, меѓу кои некои датираа уште од 70-те години на минатиот век. 

Околу 58.000 лица платиле меѓу 50 и 100 евра, со што согласно програмата, им беа простени долгувањата на име на камати и казни поради заостанитете долгови кон државата.

Според податоците на Министерството, вкупните долгови на граѓаните и компаниите кон државата од неплатени даноци или придонеси изнесуваат 76 милијарди евра. Министерството смета дека преку програмата за отпис на долговите рално би можелео да прибере околу девет милијарди евра.  

Ваквата програма на грчката Влада наиде на незадоволство кај меѓународните кредитори, но Атина не се откажа од неа тврдејќи дека таа ќе има позитивен ефект врз буџетот.

Вкупниот долг на Грција кон приватните доверители и „тројката“ кредитори - ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, изнесува околу 320 милијарди евра

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега