Драма во Кавадарци: Двајца браќа претепале сограѓанин

Вистинска драма се одвивала денеска во Кавадарци. Двајца браќа во центарот на градот претепале нивни сограѓанин. 

Како што соопшти СВР Велес, во полициската станица Кавадарци било пријавено дека околу 12 часот напладне на плоштадот во центарот на градот, двајца браќа од Кавадарци родени 1944 и 1950 година, физички нападнале кавадарчанец, роден 1946 година. Тие го собориле на земја и двајцата му се нафрлиле и го удирале во пределот на главата и телото. 

Полицијата веднаш ги привела двајцата браќа каде дале изјава.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега