ВМРО-ДПМНЕ: Подолно дно од ова што денес го постигна Заев не можеме да претпоставиме дека постои

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ на која беа објавени нови телефонски разговори. Партијата оценува дека лидерот на СДСМ со денешниот обид му нанесува директна штета на безбедносниот систем и капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и државата.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението:

 ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев да нанесе директна штета на безбедносниот систем и капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и државата.

Подолно дно од ова што денес го постигна Заев не можеме да претпоставиме дека постои.

Зоран Заев денеска преку лепени, прелепувани, креирани, сечени и вадени од контекст снимки директно нанесува штета на безбедносниот систем на Република Македонија. Уште повеќе, тој нанесува штета и на пријателски земји кои многукратно досега и помагале на Македонија во изградба на сериозен и стабилен безбедносен потенцијал.

Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денес е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон државата, кон безбедносните служби, кон пријателските држави и кон сигурноста на граѓаните.

Зоран Заев денеска им докажа и на најголемите поддржувачи на СДСМ дека свесно сака да ја наруши стабилноста на државата и да предизвика проблеми од поголеми размери. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која нема да му дозволи нему и на неговите соработници да си поигруваат со безбедноста на државата.

Оваа донација која ја добила Македонија од пријателски служби, како што веќе соопшти МВР, а која се однесува на капацитетот на специјалните единици на МВР, а не е опрема за УБК, ниту за прислушување е еден од столбовите на силата и опременоста на специјалните единици на МВР. При оваа постапка се почитувани сите законски процедури. Потенцираме дека МВР веќе потврди постоење на целосна документација за оваа донација.

Поигрувањето со ова прашање значи помината линија на ум и разум кај лидерот на СДСМ.

 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега