Дилери од Крива Паланка паднаа во рацете на полицијата

По предходно добиени оперативни сознанија дека група од Крива Паланка се занимава со недозволена трговија со дрога, во текот на изминатите два дена од страна на полициските службеници од СВР Куманово организирани се акции при што е приведена група од Крива Паланка и се реализирани два случаи на недозволена трговија со дрога.

Имено на 31 минатиот месец околу 18 часот, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, поточно на влез на Крива Паланка извршен е преглед на 21-годишниот И.Т. од Крива Паланка при што му се пронајдени 25 паковки со вкупна тежина од 27,94 грама наркотична дрога „марихуана“. 

По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија на И.Т. му е одредена мерка притвор во таење од 30 дена, додека на Д.Ј. му е одземена патната исправа со обврска да се јавува секоја недела во ОС Куманово.

-На 01.04.2015 година, околу 17,40 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, е сопрен автомобил Опел Вектра со регистерски броеви од Скопје, управувано од С.Н (23) од Крива Паланка. Како сопатници во возилото се превезувале и З.В.(36), К.Н.(21) и Г.Д.(20), сите од Крива Паланка. При извршен преглед на возилото и лицата пронајдени се 2 (две) паковки со околу 4 грама наркотична дрога „хероин“, по што лицата се приведени во СВР Куманово, информираат од полицијата.

Во тек е изготвување на кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по што З.В. и С.Н ке бидат спроведени во ОЈО Куманово.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега