Малолетничка од Битола едвај спаси жива глава од поранешното момче

Млада девојка од Битола преживеала вистински хорор кога паднала во рацете на поранешното момче. Според податоците на полицијата, се работи за малолетна битолчанка која околу 14 часот била пресретната од поранешното момче, 18-годишниот А.К. кој со закани по нејзиниот живот ја однел во неговиот дом, ја затворил во соба и ја нападнал со тупаници и шлаканица.

За среќа, малолетничката од рацете на насилникот ја спасил неговиот татко кој влегол во собата, по што таа успеала да избега.

Мајката на младата девојка го пријавила веднаш случајот во полиција.

 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега