Избоден со нож братот на потпретседателот на македонската Државната изборна комсија

ќ

Гостиварецот Рафет Јакупи, кој синоќа бил избоден со нож и поради тешките телесни повреди, е пренесен на скопските клиники, е брат на функционерот на ДУИ Субхи Јакупи, кој е потпретседател на Државната изборна комисија, јавува Плусинфо

Според првичните информации кои вчера ги објави полицијата, инцидентот се случил околу 21.15 часот пред неговиот дом во населбата Питарница.

Плусинфо пишува дека се претпоставува дека станува збор за обид за грабеж, а не за одмазда ниту за политичка пресметка. Напаѓачот бил скриен во темно место во дворот од семејната куќа и одеднаш се појавил пред Јакупи. Без предупредување или закана му нанел неколку исеченици по лицето и вратот и го избол во стомакот, а потоа избегал.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега