Самарас ќе поддржи влада на национално единство

Поранешниот грчки премиер и лидер на главната опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас изрази подготвеност да ја поддржи владата на национално единство, со цел Грција да остане во еврозоната, пишува весникот „Имерисија“. 

Во интервју за „Блумберг“ Самарас изразил подготвеност да учествува во таква влада, ако отстапките барани од кредиторите на Грција за нејзино финансирање, предизвикаат пад на сегашната владејачка коалиција, предводена од премиерот Алексис Ципрас. 

Ако планот е Грција да остане во еврозоната, ние ќе даде поддршка, изјави опозицискиот лидер, додавајќи дека евентуален излез од монетарната унија ќе значи тотална катастрофа за Грција. 

Според Самарас еврозоната е единствениот прифатлив пат за економијата на Грција. - Пазарот се задушува од несигурноста, истакна Самарас, нагласувајќи дека Ципрас треба да ги прекине драмите, додавајќи дека гледа само зборови, многу теорија, многу лаги и никакви акции. 

Самарас истакна дека грчката влада треба да го исполни списокот со обврски, преземени во рамките на договорот од 20 февруари за продолжување на спасувачката програма на земјата. - Ако тие чисто идеолошки одлучат да не го почитуваат договорот, тогаш може да дојде до банкрот, истакна Самарас.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега