Заев свесно работи за рушење на Македонија одработувајќи туѓо сценарио

По вчерашната прес-конференција стана уште појасно дела марионетата на странските служби Зоран Заев одработува против Република Македонија. За експертите е скандалозно тоа што лидерот на СДСМ го објави и истото е досега невидено во светот.

Вчера конечно паднаа маските, а Заев целосно се разобличи. Не постои граѓанин во земјава, вклучувајќи ги и оне кои најжестоко го поддржуваа лидерот на СДСМ на кои не им е јасно дека Заев е налик обичен апарат во рацете на странските центри, кој пак свесно одбрал да работи на рушењето на својата земја, играјќи по туѓо сценарио. Веќе нема дилеми која е целта на сценариото-уништување на имиџот, функционалноста и оперативноста на институциите за на тој начин да се влијае на ослабнување на безбедносно-одбранбениот систем на Република Македонија, како и да се отвори простор за дејство на криминални и радикални групи.

Многу неразумно и скандалозно Зоран Заев на вчерашната прес конференција се обиде преку креирани материјали да ја компромитира македонската тајна служба, но истовремено и да ја загрози одличната соработка која Македонија ја има со Израел и безбедносните институции од двете земји.

Обвинувањата за наводниот криминал експресно со факти и аргументи беша демантирани од директорот на УБК Сашо Мијалков и Министерството за внатрешни работи.

-Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби.Донацијата од 5.557.377 евра е примена.Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев, се вели во демантот кој вчера до медиумите со испрати Мијалков.

-Целата јавност, денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во бројни наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија.За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи.Станува збор за помош која ја доби МВР во висина од 5.557.377 евра. Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици.За сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна.Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, со денешниот настап покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци, реагираше и Министерството за внатрешни работи.

Обвинувањата кои Заев ги искажува се само параван кој треба да ја затскрие основната цел на неговите налогодавачи, однсоно нарушување на пријателските односи меѓу македонските и израелските безбедносни институции и ослабнување на домашните служби.

Со ова се согласни и аналитичарите според кои објавување на државна тајна е нарушување на државната безбедност.

-Кога слушаме јавно како се објавува строга тајна за набавка на крајно чувствителна техничка опрема за потребите на МВР, тоа секако дека е нарушување на безбедноста на држава. Тоа секако дека не е во полза на Република Македонија и не се согласувам дека со тоа не е загрозена безбедноста на Македонија, изјави вчера аналитичарот Александар Пандов во Дневник плус на Канал 5.

Никаде во светот не е забележано и не постои пракса на објавување на било какви информации за соработка на две безбедосни служби, па оттука незамисливо е било кој да објавува податоци за лица од безбедносниот систем на друга земја, во случајов Израел, како што тоа го направи Заев кој објави податоци за лица од Министерството за одбрана на Израел кои на Македонија и помагале обезбедувајќи донации и опрема кои ги користат македонските специјални сили, оние специјалци кои ги нижат позитивните бројки во намалување на криминалните активности во земјава и кои како врвни професионалци помагаа во земјите во регионот.

Универзитетскиот професор Ненад Танески смета дека опозицијата има своја зацртана агенда за чие исполнување најави дека нема да вмешува приватни разговори, а вмеша, дека нема да ги обелоденува разговорите кои се приватни или полуприватни, а ги обелодени.

-По вчерашната бомба не се работи веќе за човечки судбини, меѓуетнички односи, партиски расправии и слично што е наш внатрешен проблем, туку за нешто многу посуштествено. Граѓаните веројатно се фокусираат на суми и на имиња од домашната политичка сцена без притоа да сфатат колкава огромна штета се прави на односите меѓу Македонија и Израел, но и на Изрел како држава. Дипломатскиот кор ,кој исто така слуша и преслушува се што и се презентира на јавноста, повеќе се концентрира на односите кои ние ги имаме со Израел колку и до каде се развиени, кој е интересот на Изрел во Македонија итн. Тука се отвара прашање кое веќе не се однесува на нашава локална политика, туку откривање на информации врзани со разузнавање, безбедносна политика, сфери на интерес, кои се од пошироко регионално, па и глобално значење. Се вмешуваат имиња на израелски државјани кои можеби се и официјални претставници на Израел за соработката со Македонија. Значи веќе имате обелоденување на информации кои навистина би требало да се државна тајна. Кога на разузнавач му давате име оттука се е полесно. Сега доколку постои надворешен интерес да се ослабе соработката на Македонија со Израел, само од името што јавно се обелоденува непријателите на Македонија добиле многу, да не зборуваме колку многу, име е понудено на тацна од целиот разговор, ако воопшто содржината е целосно точна, вели Танески.

Јасно е дека овие податоци за функционери од областа на безбедноста на Израел може да ги обезбеди единатвено странска мрежа која стои зад Зоран Заев. Очигледно е и дека незаконското следење во голем дел покрај агентурната мрежа на Верушевски било вршено од странски разузнавачи бидејќи презентирани беа разговори во кои непознати лица за македонската јавност зборуваат со лица од безбедноста на Израел.

Скандалозното сценарио кое го одработува Заев и кое е за туѓи интереси  немаат допирни точки со интересите на граѓаните на Македонија. Јавноста по штетното и неразумно однесување на Заев имаше бурни реакции.

 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега