Вонредна дератизација против туларемија во Неготино

Вонредна превентивна дератизација против туларемија почна да се спроведува од денеска во Неготино, во во рамките на Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на неготинската општина, а во согласност со заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, пренесува МИА.

- Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 900 ревизиони шахти и подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот и населените места на ризични места-жаришта, каде постои можност од присуство на глодари, информираше Бранко Вељанов, раководител на Одделението за комунални дејности при неготинската локална самоуправа.

Тој соопшти дека со оваа активност ќе бидат опфатени и пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, ќе се чистат заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото, како и на депонијата Бучето.

- Јавните установи од општината, исто така, треба да извршат превентивна дератизација во сопствените простории. Вонредната превентивна дератизација на подрачјето на општина Неготино ја вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и во целост би требало да биде реализирана во рок од три до четири дена, рече Вељанов. 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега