Заев ќе добие кривична пријава за оддавање државна тајна

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се соочува со нова кривична пријава. Полицијата работи документирање на ново кривичнод ело за кое Заев ќе треба да одговара пред македонските судови.

Ќе се бара одговорност за делото оддавање државна тајна кое според МВР било сторено со вчерашната прес конференција на која беа објавени доверливи безбедносни информации.

„ Делото кое сега му се става на товар е предвидено и казниво согласно член 317 од Кривичниот законик, „Оддавње државна тајна“. За ваквото кривично дело во законот е запретена затворска казна во времетраење и до 10 години“, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Законот предвидува одговорност за секој кој ќе соопшти, предаде или8 ќе ги направи достапниз а јавноста информациите и докумените коис е класифицирани како државна тајна. Одговорност е предвидена во кривичниот законик а и законот за класифицирани информации велид ека ДРЖАВНА ТАЈНА” е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија

„Оттаму мора да се потенцира дека лицето на вчерашната срамна и недостојна прес конференција изнесе бројни конструкции и лаги. Тоа што е уште поважно, презентираше детали од Договор за донација кој што е класифициран со најголем степен на тајност, односно „Државна тајна“.

Преку својот недоличен настап, осомничениот во случајот „Пуч“ го загрози кредибилитетот на македонските служби со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија.

Неговиот настап не може да се толкува никако поинаку освен како директен атак врз институциите на земјава и обид за урнисување на нивните капацитети.

Освен кон македонските институции, со овој бесрамен чин, беше извршен атак и кон институции на држава, стратешки партнер на Република Македонија. Тој и практично, неосновано и недолично ја обвини Државата Израел дека исплаќала поткуп за да донира средства“, рече Котевски.

Според полицијата, во опасност е ставено и лицето од израелското министерствоз а одбрана чиј идентите беше откриен од Заев.

 

МВР уште еднаш потенцираше дека во телефонските разговори објавени од Заев во таканаречената бомба се говори за донација за набавка на опрема за спшецијалните полициски единици.

„Истите префрлија 5.557.377 евра на сметка на компанија која имаше обврска потоа да ја набави опремата. Од тие средства 4.413.330 евра беа иаплатени на производителот на опремата, додека остатокот од 1.144.047 евра беа исплатени во буџетот на Р. Македонија на име на царински давачки и данок на додадена вредност. Во компанијата не остана ниту едно евро од донацијата. Опремата пристигна во специјалните единици и во моментов се употребува.

Провизијата која што се споменува е банкарска провизија. Бидејќи стануваше збор за префрлање на поголема сума пари и имаше одредени потешкотии и доцнење околу трансферите, нашите пријатели донатори одлучија да ја сменат банката и да ги префрлат парите преку кореспондентна банка од Будимпешта, која ги префрли парите во земјава“, вели Котевски.

Заев е веќе осомничен за делото Пуч но и за поткуп од 200.000 евра наводно побарани од струмички бизнисмен.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега