Во сабота на небото ќе се појави црвена Месечина

Целосното помрачување на Месечината или Крвава Месечина ќе се случи на 4 април, односно овој викенд кога се паѓа и католичкиот Велигден. Според податоците кои ги објавува НАСА, овој феномен се случил неколку пати во последните 200 години.

Експертите  предвидуваат дека Месечината ќе биде целосно помрачена цели 5 минути, и дека таа појава ќе може да се види на небото во САД, Азија и Австралија.

 

Библијата на кралот Џејмс (англиски превод на светата книга од 1611 година) наводно ја предвидела оваа ситуација: „Сонцето ќе се претвори во мрак, а Месечината во крв, пред големиот и ужасен Господов ден да дојде“.

Aмериканскиот свештеник Џон Хаги, пак,  тврди дека многу е симболично времето на појавата на овој феномен за време на одбележуавње на католичкиот Велигден. Тој посочил дека овој феномен се случува исклучиво во период од три дена „ од петок, Исусовата смрт, до недела, неговото воскреснување“.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега