Меѓународна работилница за ХАЕ

 

Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи меѓународна работилница за реткото заболување Хередитарен ангиоедем – ХАЕ, на која врвни експерти од Италија и Унгарија ќе ги претстават најновите сознанија врзани со дијагностика, лекување и истражување за ова заболување.

Се очекува присутните на работилницата да усвојат заеднички документ во кој ќе бидат претставени принципи за дијагностицирање, третман и грижа за пациентите со ХАЕ, а претставници од земјите од регионот ќе ја презентираат состојбата со пациентите заболени од ХАЕ кај нив.

Хенрик Бале Бојсен од меѓународната организација на пациенти со ХАЕ, ХАЕинтернационал, на работилницата ќе зборува за состојбата и перспективите погледнати од страна на пациентите во светот, а ќе се осврне на проблемите на пациентите во земји како Македонија во која сеуште нема обезбедено терапија.

Предавањтаа за ХАЕ се очекува да помогнат за зголемување на јавната свест за болеста, како и за едукација на медицинскиот персонал во нашата земја за ова ретко заболување.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега