Седумдесет години Македонски народен театар

Македонскиот народен театар денеска свечено ќе одбележи 70 години од основањето и од првата изговорена реплика на македонски јазик на 3 април 1945.

Јубилејот денеска напладне ќе биде одбележан со перформанс и отворање изложба на експонати од музејот на МНТ, а во вечерниот термин ќе биде изведена претставата „Вечната куќа“ со која ансамблот на МНТ во 2013-та ја продолжи својата историја во нов објект. 

Од утре и во наредните два и пол месеца одбележувањето ќе продолжи со повеќе активности кои на прес-конференција ги соопшти раководството на оваа национална установа. 

МНТ ќе ја отстапи својата сцена за гостувања на другите професионални театри од Македонија, но и за независни продукции и академии.

Во претстојниот период МНТ ќе изведе и премиери, ќе гостува на фестивал во Будимпешта, а од 27 мај ќе биде домаќин на вториот меѓународен фестивал „МНТ фест“, 

МНТ го одбележува роденденот на 3 април, датум на кој во 1945 година драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава - „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега