Утрово: Серија посилни земјотреси ја стресоа Македонија - граѓаните вознемирени

Три посилни и уште најмалку два помали потреси, утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот. Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 Рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза, кое се наоѓа на десетна километри од Дебар, додека на другиот, со јачина од 3,8 степени, бил 52 километри југоисточно од Тирана.
Вчера вечерта беше регистриран земјотрес од 3.8 степени според Рихтер во јужниот дел на Македонија

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега