УМС со безрезервна поддршка за лицата со оштетен вид

Лицата со оштетен вид се луѓе со можности и потенцијали. Тие даваат еднаков допринос во севкупното живеење во нашата заедница како и сите други. Многу талентирани личности со оштетен вид ширум светот творат во уметноста, поезијата, создаваат научни дела и оставаат белег. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години потпиша Меморандум за соработка со Националниот сојуз на слепи лица, каде се обврза дека безрезервно ќе го поддржува слепите лица. Истото и го исполнија.

-Имаме исти потреби, да учиме, да се надоградуваме, да стекнуваме нови знаење. Токму затоа превзедовме широка иницијатива во која учествуваа многу членови на Унијата на млади сили за збогатување на фондот на аудио книги наменети за дечиња со оштетен вид. Реализиравме вкупно 13 дела, од кои 9 книги за трето и четврто одделение на македонски јазик и 4 дела на албански јазик за прво одделение, од познати македонски и странски писатели, кои верувам дека ќе ги задоволат едукативните потреби на оние за кои се наменети. Овде пред вас давам ветување дека нема да застанеме овде, туку во наредниот период заедно со вас ќе работиме на многу нови проекти и иницијативи, кои пред се ќе ви го олеснуваат животот, бидејќи ние сме еднакви. Унијата на млади сили е општествено одговорна младина свртена кон потребите на младите и глуви и слепи и млади со инвалидност, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

Ова е класичен пример како од идеја се доаѓа до реализација. За поздравување е ова што го прават овие млади луѓе, затоа што покажуваат општествена одговорност и водат грижа за оние кои што на некој начин можеби се различни од нив, но всушност се исти со нив, потенцираше директорот на Државниот центар за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов.

Не само за проектот аудио книги, туку младите на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ни излегуваат во пресрет. Кога и да сме побарале поддршка, од нивна страна секогаш било со раширени раце и прифатена таа помош, подвлече Жарко Селкоски, претседател на Националниот сојуз на слепи лица.

Акцијата на Унијата на млади сили ја поздрави и водителот Димитар Атанасовски, кој има прочитано дел од текстовите за аудио книгите.

-Се чувствувам како поголем човек секогаш кога сум дел од една ваква кампања, која знам дека ќе им помогне на многу дечиња во нашата држава. Верувам дека оваа кампања ќе ги поттикне сите луѓе во нашата држава да станат поголеми и похумани лица, рече Атанасовски.

Од УМС најавија дека овој проект ќе продолжи да се реализира и во иднина.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 13:23
Фото: 
kurir

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега