Најостра осуда за обидите за политички влијанија врз деца

Здружението за заштита на правата на детето, како граѓанска организација којашто веќе 17 години делува на полето на детските права во Република Македонија, нивна заштита, почитување и унапредување, најостро ги осудува сите обиди за политичко влијание врз децата и апелира до политичките структури да не ги користат на каков било начин во сопствените политички игри.

- Како граѓанско здружение во чиj фокус на делување е почитување и имплементација на одредбите и принципите од Конвенцијата за правата на детето и Законот за заштита на децата, каде се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, ќе продолжиме со преземање на мерки и активности за надминување на состојбите поврзани со кршење и непочитување на детските права. Истовремено, апелираме и до родителите да не дозволуваат нивните деца да потпаѓаат под вакви влијанија што може да имаат само штетни последици, велат од Здружението за заштита на правата на детето . 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега