Честитка од Груевски за еврејскиот празник Пасха

Премиерот Никола Груевски денеска, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до Берта Романо - Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на оваа зедница.

Неговото славење, вели премиерот Груевски во честитката, говори за почитта кон независноста, слободата и волјата на секој човек. Овие вредности се подеднакво значајни и за еврејскиот и за македонскиот народ, кои низ својата историја вистински ја спознале нивната важност.

- Празниците како овој се дел од културната разноликост која Македонија ја прави препознатлива и уникатна. Почитувањето на различностите и прифаќањето на вредностите на заедниците, со кои се промовира унапредувањето и развојот на мултикултурализмот, е одлика на општество во кое инклузивноста е темел на меѓуетничките и меѓурелигиските односи. Еврејската заедница со векови е дел од македонското општество врз кое трајно го оставила својот позитивен белег. Принципите на почит на човечкиот живот, човечкото достоинство, вербата во демократијата и желбата за силна и подобра Македонија не обединуваат и уверен сум дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да ги развиваме и втемелуваме во нашата држава, вели Груевски во честитката по повод еврејскиот празник Пасха.

Само со ваков пристап, додава тој, можеме да се надеваме на иднина во која ќе продолжиме сите подеднакво да ги уживаме своите права и слободи, токму како што е во духот на големиот празник кој Евреите од Македонија и ширум светот го прославуваат на овој ден.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега