25 полицајци ќе обезбедуваат ВИП личности

 

Дваесет и пет полициски службеници  ја завршија обуката од областа на ВИП заштитата реализирана од предавачи од турската полиција организирана од страна на турската владина Агенција за соработка и координација - ТИКА.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска им ги врачи сертификатите на полицајците кои ги учеа вештините за обезбедување на ВИП личности од своите турски колеги. Во центарот за обука во Идризово беше и турскиот амбасадор во Македонија Омур Шолендил.

Јанкулоска посочи дека со турските колеги МВР соработува уште од 2007 година во делот на меѓународната полициска обука која има за цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби на Македонија и на Турција.

- Овој проект примарно има за цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби со земјите со кои Република Турција има соработка на безбедносен план, рече министерката.

Проектот, како што посочи, претставува мотив плус за унапредување на соработката меѓу институциите за обука на кадри за безбедноста, односно полициските академии, оформување и имплементација на меѓународните стандарди, во безбедносната и полициската служба и развој на меѓународна координација за сузбивање на криминалот и за регионална безбедност.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега