Средношколскиот пленум е невалидна организација формирана од политички побуди која манипулира со учениците

Унијата на средношколци на Република Македонија сметаат дека се позабележително е политичкото влијание кај младите и нивната злоупотреба за остварување на политичко дејствување, кое непотребно ги изложува на опасност.Ваквата нивна реакција дојде во контекст на последните случувања, односно организирањето на маршот за средношколци, кои до главниот град беа организирано пренесувани и од други градови.

-Таканаречениот средношколски пленум, кој е невалидна, неформална и нелегитимна организација, формирана од политички побуди, успеа да изманипулира група ученици кои протестираа за нешто што не постои. Протестираа против задолжителна математика на државна матура, што впрочем Унијата на средношколци на Македонија како единствен легитимен претставник на средношколците во преговори и договор со надлежните институции издејствува предметот да биде алтернативен, односно како средношколци да имаме право и можност на избор. Искрено се надеваме дека нашите соученици и пријатели нема да наседнуваат повеќе на вакви политички игри и интриги од страна на параорганизации, кои ги затскриваат вистинските намери, истакнуваат од Унијата на средношколци.

Членовите на Унијата на средношколци на Македонија уверуваат дека и понатаму ќе продолжат вистински да ги застапуваат интересите на средношколците, како што тоа го прават повеќе од 20 години наназад и во нивно име и со нивна согласност ќе продолжи да предлага проекти и мерки кои единствено ќе бидат од нивен интерес, а во насока на поквалитетно образование во Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега