Изготвен е елаборат за проценка на штетите од поплавите во Гевгелиско

Штетата од невремето со поројни дождови и поплави што ја зафати општина Гевгелија во јануари годинава изнесува 42,7 милиони денари, се констатира од Елаборатот на комисијата за проценка на штети кој денеска беше усвоен од Советот на општина Гевгелија, пренесува МИА.

Невремето зафатило површина од 212 хектари и предизвикало најголеми штети на земјоделските посеви за што најдобра потврда се поднесените 53 пријави од земјоделски производители.

Покрај ова штета е предизвикана на објекти кај 7 правни лица како и на 11 викенд куќички во планинското одморалиште Смрдлива вода.

На поплавените земјоделски површини предизвикана е штета од 9,5 милиони денари.Скоро целосно се уништени 200 тони зелка и 88 тони кромид,а вкупно уништениот род за берба се проценува на 700 тони земјоделски производи. Штетата на градежните објекти што ја предизвика надојдената вода на Сува Река се проценува на 4,5 милиони денари.

 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега