Кумановчанец му платил 1200 евра на скопјанец да полага возачки испит место него

Првообвинетиот Б.И. од Скопје со цел да полага возачки испит во името на кумановчанецот М.С. пред испитната комисија за полагање приложил фалсификувана лична карта со  податоци од кумановецот но со негова фотографија поради што бил навремено откриен. Истиот предходно за цена од 1200 евра набавил фиктивна документација од авто школата „Ар Ди јуниор“ од Скопје од која што се гледа дека тој наводно посетувал теоретска и практична обука кај лицето Л.С. – инструктор  во споменатата авто школа, која пак подоцна изготвила картон во кој ги внела наводно извозените часови на кандидатот. На крајот по наводно завршената обука лицето Д.С. во својство на стручен раководител и предавач изготвил две потврди за наводно спроведени две пробни тестирања на кандидатот М.С. кој тој како контролор ги прегледал и потпишал со што целиот случај бил „успешно“ реализирани и затворен.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега