„Летал“ со 160 на час пред кобниот момент - ужас на „Партизанска“

Возачот кој вечерва прегази и усмрти девојче пред Универзалната сала како да бил на трка, без траги од кочење летал со 160 километри на час, велат очевидците кои се нашле на местото на несреќата. Прегазеното девојче е на возраст од околу 15 години а околу него биле забележливи трагите од крв. Според некои сведоштва тој најпрвин се обидел да избега, а дали подоцна самиот се пријавил или бил фатен од полицијата засега не е познато.

Возачот возел автомобил „хонда“, со скопски регистарски таблици.

 

Полицијата врши увид и работи на утврдување на идентитетот на жртвата и на причините за несреќата.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа