ДЕТАЛИ: Скопјанецот ја однел малолетничката во Кондово за да ја силува

Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера во 19 часот и 50 минути лице од село Кондово пријавило дека истиот ден околу 17 часот неговата 17 годишна ќерка враќајќи се од училиште, на патот кон село Кондово, односно на местото викано Бошњачко маало, непознато лице од патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки започнал да и довикува да влезе во возилото.

Возачот и го попречил патот со возилото, излегол и со употреба на физичка сила ја внел на совозачкото седиште. Потоа се упатил кон мостот на реката Вардар во село Сарај, при што запрел и започнал да ја допира малолетничката по градите и телото, а бидејќи давала отпор, ја претепал, по што ја однел во Кондов, но за среќа биле пресретнати од полициски службеници.

Се работи за 29-годишниот Б.Џ. од населбата Шуто Оризари кој ќе си заработи соодветна кривична.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега