Ги украле парите од верниците - гостиварани направија огромен грев

Непознати сторители изминатите денови ограбиле четири цркви во подшарпланинските села во Гостиварско. Украдени се околу 1.300 денари, прилози на верниците и причинета е материјална штета од околу 9.000 денари.

Во периодот од 2 до 4 април со насилно отварање на влезните врати било провалувано во објектите и од кутии за прилози биле одземени пари, а на мета на крадците биле црквите „Св. Никола" во Печково, „Св. Ѓорѓија" и манастирската црква во Долно Јеловце и „Св. Никола" во Лешница. Сите четири кражби се извршени на речиси идентичен начин и најверојатно од исти лица.

Полицијата изврши увид.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега