Крвава ноќ во Охрид: Му дошле пред куќа и пукале

Охриѓани направиле вистински хаос. Како што соопштува македонската полиција, С.Т.(45), Б.Т.(18), С.Б.(24), М.М.(24), Г.Т.(50) и М.Т.(40) сите од Охрид синоќа околу 01 часот по полноќ во угостителски објект во  лоциран на булеварот „Македонски просветители“, започнале вребална расправија која набрзо прераснала во меѓусебна жестока физичка пресметка. Насилниците се тепале со тупаници, а потоа користеле и делови од инвентарот на објектот кои им дошле при рака.

По кратко време, соопштува полицијата, М.Т. и Г.Т. со возило пристигнале на местото од каде Б.Т. го пренеле во Брза помош по што се упатиле на улицата „Лазо Трпоски“ каде живее С.Б. Тука Б.Т. се разбеснил и со пиштол кон куќата испукал неколку куршуми, а потоа се упатиле на хируршкото оделение во Општата болница каде Г.Т. го забележал родителот на С.Б и физички го нападнал. На местото на настанот се нашол полицаец кој сакајќи да ја спречи тепачката, бил нападнат од насилникот во пределот на градите, а потоа паднал и се здобил со скршеница на десната нога.

По наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во домот на Б.Т. Г.Т. и М.Т. при што одземени се повеќе парчиња оружје и муниција .

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа