Битолчанец и тетовчанец ги снајде тешка судбина

Две кражби биле извршени во текот на вчерашниот и денешниот ден. Според податоците од полицијата, во селото Палатица, тетовско, во куќата на 63-годишниот Р.Љ. од страна на непознат сторители извршена е тешка кражба, така што крадецот насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел разновиден златен накит во вредност од околу 360.000 денари.

Втората кражба се случила околу 2 часот по полноќ во Битола на улицата  „Браќа Миладиновски“во куќата на 36-годишниот А.К. каде непознат сторител влегол и одзел 12.000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега