Укинати забраните за камиони на Стража и Пресека

Забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинати од 14:50 часот попладнево, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно АМСМ соопшти дека поради свлечиште на патниот правец Прилеп-Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила и се пренасочува низ Битола.  

Поради снег сообраќајот на патот Струга – граничен премин Ќафасан е затворен само за тешки товарни возила. Забрани за камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега