Неколку скопски населби утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека  утре без водоснабдување ќе останат некои делови од општините Карпош и Центар.

Во општина Карпош поради поврзување на нова мрежа од ф – 400 мм во периодот од 08.00 до 20.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. Скупи (локалитет „Криви Дол“) помеѓу реката Серава и Јадранска Магистрала, како и објектот на резиденцијата на Митрополитот на МПЦ.

Во општина Центар поради отсранување на појавен уличен дефект на водоводна цевка со пречник од  Ф-100мм, прекинато водоснабдувањеќе имаат корисниците  од ул.Христо Смирненски  од  09:30 часот до санирање на дефектот.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега